Спорт плус
22. August 2015 - 10:53

СП атлетика: Златниот медал во маратон за Гебресласие

Гирмај Гебресласие од Еритреа е првиот освојувач на медал на Светското првенство во атлетика што се одржува во Пекинг. 19-годишниот маратонец победи во во маратонската трка што се одржа на првиот ден од шампионатот. Маратонската трка ја истрча за 2:12.28 часа и го освои златниот медал.
Сребрениот медал го освои Јемане Цегај од Етиопија, кој имаше време 2:13.08 часа, а третопласираниот Соломон Мутај од Уганада го освои бронзениот медал со време 2:13.30 часа.
Во рамките на попладневната програма на Светското првенство ќе бидат познати и новите шампиони во уште две дисциплини: фрлање ѓуле кај жените и во трката на 10.000 метри кај мажите.