Кошарка
1. September 2019 - 18:04

СП: Американците стартуваа со победа против Чешка

Кошаркарската селекција на Чешка не успеа да ја изненади фаворизираната селекција на САД предводена од Грег Поповиќ во првото коло од групата Е на Мундобаскетот во Кина. Американците славеа победа со резултат 88-67.

Иако американскиот селектор имаше огромни повреди да го одреди составот кој на ова СП ќе атакува на златото поради бројните откажувања на првите ѕвезди, сепак чешката селекција која не е во врвот на светската кошарка не беше противник кој може да им зададе проблеми на играчите од НБА лигата.

Најефикасни во селекцијата која е победник на дуелот беа Мичел со 16, Барнс со 14, Вокер со 13 и Тејтум со 10 поени.

Најефикасен, пак, во поразената селекција беше искусниот Томас Саторански со 17 поени.

Кошаркарите на Црна Гора се поразени од фаворитот Грција во првото коло од групата Ф на Мундобаскетот во Кина убедливо со 85-60. Сите дилеми за победникот на мечот беа решени по првото полувреме кое Грците го добија со 43-16.

Најефикасни во победничката екипа беа Принтезис со 16, Папајанис со 15, Бурусис со 12 и Јанис Адетокумбо со 10 поени.

Кај Црна Гора Никола Вучевиќ беше стрелец на 12 поени, а Петар Поповиќ реализираше 11.

Во меч од истата група, претходн Бразил го совлада Нов Зеланд со 102-94.