-->
-->
СП 2019: Традицијата за Исланд, последните дуели за Македонија
-->
Ракометната репрезентација на Македонија попладнево (18 часот) во Минхен во Олимпијахале го игра клучниот натпревар во групата. Противник ни е селекцијата на Исланд, репрезентација против која имаме одиграно најмногу натпревари, досега 15. Билансот не ние најдобар имаме 3 победи, 1 нерешен резултат и 11 порази.
Првиот натпревар го огравме 1999 година во рамките на баражите и првите дуели против оваа селекција беа најчесто баражи.
Важна победа од осум разлика Македонија постигна во јуни 2008 година кога го елиминиравме Исланд и се пласиравме на СП во Хрватска 2009 година.
Поразите беа составен дел и на следните неколку дуели кога имавме серија од пет загубени натпревари. Серијата беше прекината во Мец 2017 на СП кога одигравме нерешено (27:27) што за нас беше рамно на победа. Следниот дуел во Скопје во мај 2017 го добивме со пет разлика - 30:25, а потоа во Рејкјавик загубивме со 26:25, но бевме конкурентни и водевме во поголемиот дел од дуелот.
Традицијата е на страната на Исланд, но последните дуели нашиот национален тим е тој кој се прашува за конечниот исход - затоа веруваме во успех на денешниот натпревар и во победа за пласман во главната фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња