СП 2019: Тешка група за Македонија
Македонија доби извонредно тешка група на следното Светско првенство во ракомет што ќе се игра во јануари наредната година во Германија и Данска. Нашата репрезентација по 6. Пат ќе настапи на ракометните мундији.
Од европските селекции во Б-групата се Шпанија, Хрватска и Исланд. Нашата селекција не би требало да има проблем против Бахреин и Јапонија кои се исто така во групата за да обезбеди учество во следната фаза
Доста силна е и А групата во која се Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил и Кореја Светското првенство ќе се игра во Берлин, Минхен,Келн, Хамбург, Хернинг и Копенхаген од 9-27 јануари наредната година . Во главната фаза, натпреварите ќе се играат во Келн и Хернинг, додека завршните натпревари се планирани за Хамбург и Хернинг.
Македонија ќе се обиде да го подобри најдобриот пласман од досегашните шампионати кога стигна до 9. место на шампионатот во Катар.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар