Ракомет
11. January 2019 - 20:10

СП 2019 - Ристовски: Ќе мора многу повеќе да внимаваме во одбраната

Феноменален на голот во првиот натпревар на СП во Германија беше македонскиот голман Борко Ристовски, кој имаше 19 одбрани од кои 12 во првиот дел:

  • Резултатот е едно, но не беше така лесно. Јапонците се незгоден ривал, кој многу трча, имаат добра транзиција и брз центар, а ние тоа ќе треба да го подобриме. Во одбрана ќе треба повеќе да внимаваме. За следниот дуел иако не очекува релативно полесен натпревар ќе треба да се обидеме на помладите да им дадеме шанса за го почувстуваат Светското првенство. Ние сме репрезентација која неможе да биде сигурна против било која репрезентација, да беше ова пред 2-3 години ќе беше друго сега мора да сме максимално сконцентрирани, истакна Ристовски, кој откако го пропушти последното СП во Франција имаше одличен ден на отворањето на Мундијалот во Германија и Данска.