Ракомет
17. January 2019 - 15:48

СП 2019 - Раул: Мора да веруваме дека можеме да победиме

За ракометната репрезентација на Македонија денешниот дуел против Исланд е клучниот за пласман во следната фаза, затоа сите очи на јавноста ќе бидат насочени играта на нашата репрезентација.  Двете победи на стартот против Јапонија и Бахреин, беа заменети со поразите од фаворитите Хрватска и Шпанија. Исланд е квалитетен состав но секако не е на рамниште на претходните ривали. нашиот селектор раул Гонзалез откако увиде дека вчера нашиот тим го загуби ритамот на дуелот со Шпанија, се реши да ги повлече играчите од првата постава и да ги одмори.
 
- Исланд е квалитетна репрезентација, но верубам дека можеме да стигнеме до победата и да ја оствариме целта. Мора да ја подобриме реализацијата на шансите кои ги создаваме, т.е. зицерите да бидат реализирани. За да победиме ќе треба да ја повториме играта од првиот дел против Шпанија, така шансите ни е поголеми - ова за нас е како да играме финале, потенцираше македонскиот селектор Раул.