Ракомет
11. January 2019 - 20:08

СП 2019 - Манасков: Игравме со многу респект, затоа дојде високата победа

Втор стрелец во победата над Јапонија на дуелот во Минхен беше Дејан Манасков, кој постигна 7 голови од кои 5 од контранапади.

  • Секој почеток е тежок. Не смееме да потцениме никого. Игравме со 100% респект и затоа заслужено победивме. Во вториот дел примивме голови од транзиција и затоа треба да бидеме повнимателни, треба да бидеме побрзи во измените да се прават внимателно, дека со други ривали ќе биде поопасно, изјави Манасков.