Loading Video...
Ракомет
18. January 2019 - 18:55

СП 2019: Македонските ракометари Минхен го заменија со Келн во борба за Президент купот

Вчерашниот пораз од Исланд означи и крај на една серија која ја имаше оваа генерација македонски ракометари предводена од Кирил Лазаров. За првпат нашата репрезентација не успеа да го мине првиот круг. Јануари беше нивни месец, а се надеваме дека и ќе остане не зависно што со претходните резултати не навикнаа на успеси. Дуелот со Исланд за двете селекции беше да се биде или не, но нашите повторно имаа сили само за едно квалитено полувреме.

- Не успеавме темпото да го одржиме до крајот на натпреварот. Исланѓаните заиграа подобро во одбраната во вториот дел и ни ја затворија средината и пасовите кон пикерите. Влеговме во непотребни фаули и немаше проток на топката и шутиравме од неизградени позиции, изјави Дејан Манасков.

Капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров и пред почетокот на подготовките предупредуваше дека ќе биде многу тешко да се избори втората фаза на ова натпреварување.

- Мислам дека Македонија е на добар пат, ракометен пат. Ова не влегување во вториот круг не треба да не демотивира како ракометна нација. Напротив треба од овој пораз или неуспех, за мене не е неуспех, треба да се оди напред. Македонската нација сака спорт, сака ракомет, потенцираше капитенот Кирил Лазаров.

 Ракометот не сомнено е спорт број 1 во Македонија, а нашата репрезентација во континуитет осум години е дел од големите натпреварувања. Од денеска нашите ракометари се во Келн, каде ќе разигрува со Русија, Чиле и Катар.

Македонија утре од 13 часот во Ланксес Арена ќе игра против Русија, во вториот дуел од Президент купот (за пласман од 13 до 16.место) ќе играат Катар и Чиле.