Ракомет
11. January 2019 - 14:30

СП 2019: Македонските ракометари ќе имаат поддршка во Олимпијахале

На 60 минути пред почетокот на првиот натпревар на Македонија на СП во ракомет против Јапонија во Минхен, пред влезовите на салата се наоѓаат и македонските фанови. Ова значи дека македонските ракометари ќе ја имаат потребната поддршка од македонската фаланга.

Како и на сите големи натпреварувања македонските фанови ја даваат потребната поддршка. На разни начини навивачите од Македонија допатуваа во Минхен, а секако нема да биде мала бројката и на Македонци, кои живеат во Германија и другите земји, асе присутни во Минхен.