-->
-->
СП 2019: Македонија со победа над Чиле завршува на 15.место
-->
Македонската ракометна репрезентација го освои 15.место на СП во Германија и Данска. Со тоа нашите ракометари го повторија пласманот од претходниот шампионат. Во дуелот за 15.место денеска во Келн, во Ланксес Арена Македонија ја победи селекцијата на Чиле со 32:30 (16:16).
Во еден изедначен натпревар без многу мотиви за игра во одбрана Македонија заслужено стигна до триумфот и со победа се завршува овој шампионат. По изедначеното прво полувреме на почетокот од вториот дел Македонија поведе со 21:18, а потоа противникот направи серија од 8-3 и поведе со 26:24. Во тие моменти селекторот Раул Гонзалез во нападот ја врати формацијата „7 на 6“ и направивме серија од 4-0 за ново водство. Во оваа серија капитенот Лазаров постигна три голови, а голманот Митревски имаше три интревенции. До крајот серијата голови ја продолжи Манасков со четири од последните пет голови.
Најефикасен кај нас беше Кирил Лазаров со 9 голови, Манасоков постигна 8, а Никола Митревски имаше 10 одбрани, а вториот голман Дасколовски одбрани два пенала. Кај Чиле најефикасен беше Ервин Фојхман со 9 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација