Ракомет
11. January 2019 - 19:47

СП 2019 - Лазаров: Има работи и што не ми се допаднаа, а со патриотизам и национален дух да се подобриме

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, беше најефикасниот играч на дуелот против Јапонија што нашата селекција го доби со 38:29.

  • Резултатот покажува многу повеќе, но не беше така лесно. Се подготвувавме за овој дуел 3-4 дена и тоа вроди со плод. Се боревме 50 минути да го решиме натпреварот и успеавме. Не ми се допаднаа некои работи кога водевме , го гледавме семафорот и грешевме. Сепак ова е голема самодоверба, одиме чекор по чекор. Нема да биде лесно со Бахреин, играа финале на Азија. Цврста екипа. Да се одмориме е најважно. Недостатопкот на квалитет да го надополниме со патриотизам и со национален дух и со голема желба ќе можеме да им парираме на Бахреин и на другите репрезентации, истакна капитенот Кирил Лазаров.