Ракомет
16. January 2019 - 17:07

СП 2019: Исланд освои „планирани“ бодови против Јапонија

Ракометарите на Исланд  остварија важна победа во дуелот со борбените Јапонци од 25-21 и се изборија за мајсторка со Македонија на СП 2019.
Без оглед на резултатот од вечерашната средба со Шпанија нашата репрезентација не смее да ја загуби утрешната средба со „рибарите“.
Јапонија играше добро како и против Шпанија и го напаѓаше водството на противникот од еден до три гола разлика.  Во финишот Исланд водеше со 21-20 но Јапонија како да снема сили и дозволи противникот да направи недостижна предност за сигурна победа од 4 голови разлика.
Најефикасни во исландскиот табор беа Гунарсон и Сигурмансон со по пет погодоци, а кај Јапонија одличен натпревар одиграа Агире со четири и Ватанабе со три гола.
Следниот меч во нашата група го играат Хрватска и Бахреин додека Македонија и Шпанија играат во ударниот термин од 20.30ч.