СП 2019: Чиле следен противник на Македонија
Нашите најдобри ракометари повторно немаа свој ден на СП во Германија и Данска. Поразени се од Русија со 30-28 и ќе разигруваат за 15. Место со селекцијата на Чиле.
Дуелот со Русија беше уште едно слабо издание против европските селекции иако добро започнавме со водство од 4-2.
Лошата концентрација услови многу грешки во македонскиот тим па Русите лесно користејќи го празниот гол поентираа и со серија од 6-0 остварија водство од 8-4.Се што успеавме во продолжението е да израмниме неколку пати но не и да го запреме противникот кој на пауза замина со водство од 17-14.
Во вториот дел Русија го зголеми водството на плус 6 и лесно го одржуваше резултатот се до финишот кога Македонија со серија голови се приближи на 27-25 но немаше сили да го избегне поразот.
Капитенот Кире Лазаров постигна неколку убави голови и беше најефикасен со 9 погодоци додека во руската селекцијата се истакна Житников со 8 погодоци.
Утре во 13ч. Македонија ќе разигрува за 15.место со селекцијата на Чиле која загуби убедливо од Катар со 37- 27.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар