Ракомет
19. January 2019 - 18:15

СП 2019: Чиле следен противник на Македонија

Нашите најдобри ракометари повторно  немаа свој ден на СП во Германија и Данска. Поразени се од Русија со 30-28 и ќе разигруваат за 15. Место со селекцијата на Чиле.

            Дуелот со Русија беше уште едно слабо издание против европските селекции иако добро започнавме со водство од 4-2.

            Лошата концентрација услови многу грешки во македонскиот тим па Русите лесно користејќи го празниот гол поентираа и со серија од 6-0 остварија водство од 8-4.Се што успеавме  во продолжението е да израмниме неколку пати но не и да го запреме противникот кој на пауза замина со водство од 17-14.

            Во вториот дел Русија го зголеми водството на плус 6 и лесно го одржуваше резултатот се до финишот кога Македонија со серија голови се приближи на 27-25 но немаше сили да го избегне поразот.

            Капитенот Кире Лазаров постигна неколку убави голови   и беше најефикасен со  9  погодоци додека во руската селекцијата се истакна Житников со 8 погодоци.

            Утре во 13ч. Македонија ќе разигрува за 15.место со селекцијата на Чиле која загуби убедливо од Катар со  37- 27.