Ракомет
13. January 2019 - 11:51

СП 2019: Бахреин е 50.тиот ривал на македонската ракометна репрезентација

Денешниот противник на Македонија, селекцијата на Бахреин е 50.тиот ривал на македонската репрезентација. Воедно ова ќе биде 207-миот официјален натпревар на Македонија, а прв меѓусебен дуел со Бахреин.

Оваа селекција го има третиот настап на ракометните Мундијали. Бахреин е актуелен вицепрвак на Азија, а на двете учества на СП го освојува 23-то место 2011 година во Шведска и пред две години во Франција.

На последните три азиски шампионати (2014; 2016; 2018) е освјувач на сребрениот медал, а второ место на континенталното натпреварување има и од 2010 година.

Најголемиот адут го имаат на клупата во името на селекторот Исланѓанецот Арон Кристијансон, додека најдобри играчи се: Абдулкадер, Саад и Ал-Сајад.

Оваа резрезентација која доаѓа од азискиот континент, е вкупно 6.та од Азија против која ќе игра Македонија. Претходно тоа беа: Саудиска Арабија, Кореја, Катар, Иран и Јапонија.

Кога сме кај оваа статистика Македонија најмногу натпревари има одиграно против Исланд 15, а потоа на листата се Чешка со 14 и Унгарија со 13.

Натпреварот Македонија - Бахреин ќе го судат Буалуха и Кениси од Тунис. Се игра во Олимпија хале и почнува во 14 часот.

Од нашата група во 16:30 часот играат Јапонија - Хрватска, а од 19 часот е дуелот Шпанија - Исланд.