Loading Video...
Фудбал
15. јуни 2018 - 15:57

СП 2018: Уругвај во последната минута го совлада Египет

 
Селекциите на Уругвај со гол во последната минута го совлада  Египет минимално со 1-0 во вториот меч на Мундијалот. На средбата од А групата, одиграна во Екатеринбург, Уругвајците имаа иницијатива, која со гол ја крунисаа дури во 90-тата минута. 
 
Претходно, Луис Суарез се закани два пати во 23-тата, кога биеше крај голот и 73-минута, не успеа докрај да ја заврши акцијата, а потоа и Едисон Кавани во 82-та и 88.минута кога ја погоди гредата од слободен удар.
 
Конечно иницијативата вроди со плод во последната минута (90),кога Хозе Гименез го совлада Елшанави. 
 
Во следното 2.коло во А групата Египет на 19 јуни Санкт Петербург ќе игра против домаќинот Русија, додека ден подоцна (20 јуни) во Ростов се среќаваат Уругвај и Саудиска Арабија.