Loading Video...
Фудбал
20. јуни 2018 - 19:35

СП 2018: Уругвај и се приклучи на Русија во 1/8-финалето

 

Во вториот денешен меч на Мундијалот, Уругвај славеше победа над Саудиска Арабија со 1-0 со голот на Луис Суарез во 23.минута. 
 
Со овој триумф и новите три бодови, Уругвај му се приклучи на домаќинот Русија во осминафиналната рунда. 
 
Потсетување, вчера Русија го победи Мароко со 3-1 и го осигура својот пласман во осминафиналето. 
 
Во последното коло Уругвај и Русија во меѓусебен дуел ќе решаваат која селекција ќе го одвои првото место, а која ќе биде второ пласирана во А групата.