Loading Video...
Фудбал
14. јуни 2018 - 18:53
СП 2018: Убедлив старт на домаќинот, Русија
Домаќинот на Светското фудбалско првенство, Русија на убедлив начин со триумф над Саудиска Арабија, го започна својот настап на Мундијалот.
Во воведниот меч на 21-то СП, селекцијата на Русија на преполниот стадион „Лужники“ во Москва, ја победи Саудиска Арабија со 5-0.
Стрелци на головите за домаќините беа: Газинскиј (12.минута), два постигна Черишев (43 и 90+1), а во листата на стрелци се впишаа и Дуба (72) и Головин (90+5).
Ова е дуел од првата А група во која уште се и селекциите на Египет и Уругвај кои утре ќе го одиграат својот меч.
За утре закажани се и дуелите од Б групата меѓу Мароко и Иран, како и првото дерби од групната фаза, меѓу актуелниот европски шампион Португалија и поранешниот светски првак Шпанија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->