Loading Video...
Фудбал
16. јуни 2018 - 14:58

СП 2018: „Триколорите“ со победа над Австралија го започнаа Мундијалот

Репрезентацијата на Франција со победа го започна својот настап на Мундијалот. „Триколорите“ потешко од очекуваното ја совладаа Австралија со 2-1 во првиот меч од воведното коло на Ц групата кој се одигра попладнево во Казан. 
 
На првиот гол се чекаше се до 58-та минута, и тоа откако со помош на „ВАР“ асистенцијата, главниот судија покажа на белата точка. Токму Гризман врз кого беше направен пеналот, ја реализира најстрогата казна за водство на Франција со 1-0. 
 
Само четири минути подоцна (62), пенал на спротивната страна, откако Умтити играше со рака во казнениот простор, а сигурен реализатор на пеналот за Австралија беше капитенот Миле Једињак за израмнување на 1-1.
 
Триумфот на „Триколорите“ им го донесе Погба со голот во 80.минута по чиј удар топката заврши неколку сантиметри зад гол линијата. 
 
Во вториот меч од оваа група попладнево од 18 часот во Саранск ќе играат Перу и Данска.