Loading Video...
Фудбал
18. јуни 2018 - 16:30

СП 2018: Шведска стартуваше со победа над Јужна Кореја

Во воведниот меч од денешната програма на Мундијалот, инаку втор од 1.коло на Ф групата, селекцијата на Шведска ја совладаа Јужна Кореја со 1-0. 
 
Швеѓаните кои постојано играа офанзивно, за разлика од Кореанците кои беа ориентирани на одбраната, иницијативата ја крунисаа со гол од пенал во 64-тата минута. 
 
И на овој меч повторно клучна беше „ВАР“ технологијата, односно по прегледувањето на снимката, беше досудена најстрога казна за „Викинзите“, а сигурен реализатор на пеналот беше Гранквист. 
 
Во следната рунда, на 23 јуни, Шведска ќе игра против Германија која вчера загуби од Мексико, кој пак за противник ќе ја има Јужна Кореја.