Фудбал
22. јуни 2018 - 19:01

СП 2018: Нигерија подобра од Исланд

Со двата гола на Ахмед Муса во 49-тата и 75-минута, селекцијата на Нигерија го победи Исланд минимално со 2-0 во последниот меч од 2.коло на Д групата.    
 
Во 80.минута голема можност од пенал имаше Сигуртсон, но неговиот удар заврши над голот. 
 
Со оваа победа Нигеријците дополнително ја замрсија работата околу второто место во групата, откако  вчера пласман во осминафиналето веќе обезбеди Хрватска која ја победи Аргентина со 3-0. 
 
На табелата Хрватска е прва со 6, пред Нигерија со 3 и Исланд и Аргентина кои имаа по 1 бод. 
 
Така во последното коло (на 26 јуни) за вториот патник во осминафиналето, можеби во директен дуел ќе решаваат Аргентина и Нигерија, додека Исланд кој ќе кој ќе игра против Хрватска, ќе мора да победи, но и да го чека исходот од средбата Аргентина – Нигерија.