Loading Video...
Фудбал
16. јуни 2018 - 17:03

СП 2018: Меси промаши пенал, Аргентина одигра 1-1 со Исланд

Лионел Меси немаше свој ден на првиот меч за Аргентина на Мундијалот во Русија. 
 
Првата ѕвезда на „гаучосите“, Меси не успеа да реализира најстрога казна (пенал), па Аргентина одигра само нерешено 1-1 во дуелот од Д групата против Исланд. 
Серхио Агуеро во 19.минута го отвори резултатот, но само четири минути подоцна (23) Богарсон израмни на 1-1. 
 
Во вториот дел, односно 64.минута ударот на Меси од белата точка го одбрани исландскиот голман Халдорсон, на до крајот на натпреварат Меси уште во два наврати се обиде да постигне гол, но резултатот остана непроменет 1-1.