Loading Video...
Фудбал
17. јуни 2018 - 15:59

СП 2018: Коларов со прекрасен гол и донесе победа на Србија

 
Капитенот на Србија, Александар Коларов беше најзаслужен за првиот триумф на својата селекција на Мундијалот во Русија. 
 
Во мечот од 1.коло на Е групата кој се одигра во Самара, селчекцијата на Србија со 1-0 ја совлада Костарика, и тоа благодарение на прекрасниот гол од слободен удар на Александар Коларов во 56-тата минута. 
 
Србите имаа уште неколку шанси за гол пред се Сергеј Милинковиќ-Савиќ  (43 и 50.минута), но голманот на Реал Мадрид и костариканската репрезентација Кејлор Навас беше одличен на овој меч. 
 
Во вториот меч од оваа група вечерва во Ростов од 20 часот ќе играат Бразил и Швајцарија. 
 
Во следното коло Србија на 22 јуни за противник ќе ја има Швајцарија, а Костарика ќе игра против Бразил