Фудбал
13. November 2017 - 10:43

СП 2018: Хрватска и Швајцарија патуваат за Русија

Селекциите на Хрватска и Швајцарија ќе настапат на Мундијалот во Русија откако останаа непоразени во реванш бараж средбите со Грција и С.Ирска.

Двете средби завршија без голови. Хрватска во првиот меч имаше 4-1 со Грците додека Швајцарија победи на гости со 1-0 во првата средба и тоа и беше доволно за успех.