Loading Video...
Фудбал
21. јуни 2018 - 19:00

СП 2018: Франција е третиот осминафиналист

Во вториот меч од денешната програма, воедно и втор од Ц групата селекцијата на Франција го совлада Перу со 1-0 со што „триколорите“ веќе го обезбедија своето место во осминафиналето.
 
М’бапе во 34.минута, беше стрелец на победничкиот гол со кој Французите им се приклучија на Уругвај и домаќинот Русија во осминафиналната рунда.
 
Во исчекување на дуелите од последното 3.коло закажани за 26 јуни Франција – Данска и Австралија – Перу), лидер на табелата е Франција со 6бодови,пред Данска со 4, односно Австралија со 1 и Перу без освоен бод.