Loading Video...
Фудбал
15. July 2018 - 19:11

СП 2018: Франција е нов светски фудбалски шампион

 
Репрезентацијата на Франција е новиот светски фудбалски владетел. Триколорите во финалето на Мундијалот во Русија кое се играше во Москва, убедливо со 4:2  ја победија Хрватска 
 
Уште еднаш прекините се покажаа како кобни за Хрватите. Во 18.минута по центаршутот на Гризман, Марио Манџукиќ си постигна автогол за предност на Франција од 1:0. 
 
Но, негативата беше бргу анулирана, и тоа во 28.минута со прекрасниот гол на Перишиќ. 
 
Во 34.минута по корнерот од десната страна, токму Перишиќ играше со рака во казнениот простор на Хрватите. По прегледувањето на видео снимката судијата Питана покажа на белата точка. Антоа Гризман беше сигурен реализатор на најстрогата казан за водство на Франција од 2:1. 
 
Во вториот дел „коцкестите“ тргнаа со сите сили, создадоа неколку шанси, но резултатот остана непроменет се до 59.минута кога по брзата контра на спротивната страна Погба го постигна третиот гол за „Триколорите“. 
 
Само шест минути подоцна (65), младиот Мбапе со одмерен удар од 20-тина метри по четврти пат го совлада Сибашиќ.
 
Мала надеж на Хрватите им даде францускиот голман Лорис кој по несфатливата грешка му овозможи на Манџукиќ да постигне го за 4:2, што пак на крајот се покажа и како конечен резултат на овој меч.  
 
Со тоа „триколорите“ по точно 20 години стигнаа до својот втор трофеј на Мундијалите, откако првеиот го освоија на домашен терен на првенството во 1998 година. Тогаш токму сегашниот селектор на Франција, Дидие Дешамп во улога на капитен, ја имаше привилегијата да го крене шампионскиот трофеј.
 
Хрватска на бронзата од Франција 1998 година сега го придодаваат среброто.