Loading Video...
Фудбал
18. јуни 2018 - 18:59

СП 2018: Два гола на Лукаку во победата на Белгија над Панама со 3-0

 
 
Ромелу Лукаку постигна два гола во победата на Белгија над Панама со 3-0, во вториот меч од денешната програма на Мундијалот во Русија. 
 
Белгиската селекција го скрши отпорот на Панама во вториот дел од мечот кој се играше во Сочи, а во рамките од Г групата. 
 
Најнапред, Мартенс на ефектен начин во 47.минута им донесе предност на Белгијците, по што следуваа двата погодока на Лукако и тоа по асистенциите на Еден Азар. Првиот во 69-тата, а вториот за него во 75.минута, за конечни 3-0 за Белгија. 
 
Во вториот меч од оваа група вечерва од 20 часот во Волгоград ќе играат Англија и Тунис