Loading Video...
Фудбал
14. јуни 2018 - 14:21

СП 2018: Домаќинот Русија и С.Арабија го отвораат фудбалскиот Мундијал

Во Москва започна најголемиот спортски настан летово, 21.вото Светското фудбалско првенство.  
 
На Мундијалот ќе настапат 32 земји кои ќе бидат распоредени во осум групи. Натпреварите ќе се играат на 12 стадиони во 11 градови. 
 
Пласман во следната фаза ќе обезбедат, двете првопласирани селекции од секоја од групите, кои преку нокаут дуелите, ќе се обидат да стигнат до можноста да се борат за трофејот во финалето закажано за 15 јуни во Москва. 
 
Бранител на трофејот од пред четири години е Германија, а дебитанти на завршницата се Исланд и Панама.
 
Вообичаено на стартот на шампионатот, премиерниот меч го играат домаќинот, во случајов Русија и селекцијата на Саудиска Арабија. 
 
Ова е дуел од првата А група во која уште се и селекциите на Египет и Уругвај кои утре ќе го одиграат својот меч. За утре закажани се и дуелите од Б групата меѓу Мароко и Иран, како и првото дерби од групната фаза, меѓу актуелниот европски шампион Португалија и поранешниот светски првак Шпанија.