Фудбал
16. јуни 2018 - 9:33

СП 2018: Дербито ги оправда очекувањата, Португалија и Шпанија одиграа 3:3

 
 
Првото дерби на Мунијалот ги оправда очекувањата, па Шпанија и Португалија одиграа ефикасен меч со шест гола, но без победник 3:3. 
 
Натпреварот беше отворен уште во 4.минута, кога беше досуден пенал за Португалија, а сигурен реализатор беше Кристијано Роналдо.
 
„црвената-фурија“ дојде до израмнување во 24 минута со првиот гол на Диего Коста, а до крајот на првиот дел Роналдо повторно беше прецизен и донесе водство од 2:1 за Португалија, резултат со кој се замина на паузата.
 
Во вториот, одново преку Коста (55)  Шпанија најнапред израмни, а само три минути подоцна Начо беше прецизен за водство на Шпанија од 2:3.
 
Меѓутоа, Роналдо во 88-та минута со прекрасен гол од слободен удар и постигна хет-трик за израмнување 3:3.