Loading Video...
Фудбал
16. July 2018 - 18:35

СП 2018: Ден по завршувањето на рускиот Мундијал, милиони луѓе низ улиците на Париз и Загреб

 
И додека новите светски шампиони Французите, очекувано во Париз беа пречекани од повеќе од милион луѓе, и популените „ватрени“ кои го освоија сребрениот медал, во својата земја беа дочекани еуфорично.
 
Стотици илјади Хрвати попладнево во Загреб, ги пречекаат членовите на сребрената фудбалска селекција, која го направи најголемиот успех во фудбалската историја на оваа земја. 
 
Модриќ, Манџукиќ, Ракитиќ и останатите од своите сонародници беа дочекани како вистински херои, небаре тие го освоија шампионскиот трофеј. 
 
Но, цела Хрватска е едногласна „тие се светски шампиони“. Можеби и го заслужија тој епитет имајќи ги в предвид нивните настапи во дресот на националната репрезентација, за кој играа со срце, но едноставно во финалето на Мундијалот налетаа на „триколорите“ кои играа со памет, па овојпат разумот славеше над храброста, ќе истакнат многумина фудбалски аналитичари ширум светот. 
 
Капитенот на Хрватска Лука Модриќ иако мораше да се задоволи со сребрениот медал, сепак сосема заслужено беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија и ја доби престижната награда „Златна топка“.  Признанието за најдобар млад играч отиде во рацете на Килијан  Мбапе кој беше стрелец на еден од четирите гола за француска селекција во финалето. Голманот на бронзената Белгија, Тибо Куртоа е прогласен за најдобар чувар на мрежата, додека напаѓачот на Англија, Хари Кеј со шест постигнати голови е најдобриот стрелец на Мундијалот 
 
Слекторот на „Триклорите“, Дидие Дешампс стана трет човек во историјата што успеал да го освои Светското првенство како фудбалер и како тренер. Дешам како капитен на Франција ја имаше привилегијата да го крене шампионскиоттрофеј кој Французите го освоија на домашен терен во 1998 година, а точно 20 години подоцна како селектор ја доведе Франција до тронот. Пред Дешам, вакво остварување имаат само, Бразилецот Марио Загало (како играч - во 1958 и 1962 година и како тренер - во 1970 година) и Германецот Франц Бекенбауер (како играч - во 1974 година и како тренер - во 1990 година).
 
Рускиот Мундијал ќе биде за запаметен како досега најдобро организираниот, можеби и единствениот во историјата на кој немало поголеми проблеми и инциденти кога во прашање се навивачите. 
 
Следниот светски собир е по четири години во Катар, а наместо како досегашните тој да се игра во летниот период, сега ФИФА најавива дека каратскиот Мунијал ќе се одржува во последните два месеци од 2022 година, ноември и декември.