Loading Video...
Фудбал
21. јуни 2018 - 15:53

СП 2018: Данска и Австралија одиграа без победник

На натпреварот  од 2.коло во Ц групата одиграна во Самара, Данска и Австралија играа без победник 1-1.

Данците поведоа уште во 7.минута со голот на Кристијан Ериксен. 

Тој резултат беше актуелен се до 38.минута,кога по прегледувањето на видео снимката беше досудена најстрога казна за Австралија, а капитенот Миле Јединак  беше сигурен реализатор на пеналот за 1-1

Во вториот дуел од оваа група попладнево од 17 часот, во ќе играат Франција  и Перу .