Македонија
6. September 2016 - 12:04

Создавање единствен регистар на корисници на услугите од Водостопанство Кочани

Акционерското друштво Водостопанство на Република Македонија- Подружница „Брегалница“ од Кочани започна со акцијата за уточнување на податоците за сопственоста на земјоделското земјиште на кое се користи наводнување од водите на Хидросистемот „Брегалница“ со цел создавање целосна евиденција и преглед на површините кои се наводнуваат и нивните корисници.

- Оваа акција ја правиме со цел водокорисниците од подрачјето на дејствување на ХМС „Брегалница“ кои имаат извршено промена на сопственоста на земјиштето и ја немаат пријавено тоа да го направат во нашето претпријатие. Ваквата евиденција можат да ја уточнат и оние земјоделци кои се корисници на земјоделско земјиште со цел да се направи увид и промена во евиденцијата на задолжувањата на наводнувани површини за наводнителаната 2016 година, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство Кочани.
 
Канцелариите на водостопанство „Брегалница“ во Кочани, Штип и Свети Николе се отворени преку цел ден и во нив земјоделците можат да ги направат промените во сопственоста на земјоделското земјиште.
 
Во спротивно следуваат казнени мерки за непочитување на одредбите од Законот за водостопанство.