Македонија
10. January 2018 - 16:10

Советот за реформи во правосудството заврши со работа

Владата започнува со нова фаза во реформите на правосудството . Кон крајот на јануари ќе се формира Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за период 2017 – 2022“ , со кој  лично ќе претседава  премиерот Заев.

 Ова тело  ќе го замени  Советот за реформи во правосудството, кој  почна да се распага, откако неколку  независни  експерти   си поднесао оставки, обвинувајки ја Владата  дека Советот го користи само како декор. Заев им се заблагодари на членовите на Советот, кој според него ја сработил својата задача согласно планот 3-6-9.

Работата во Советот е успешно завршна, се работи за врни професионалци. Целата Влада им е благодарна за нивната контрибуција. Што ќе се случува понатаму тоа е дискреционо право на министерот за правда, дали ќе продолжи Советот да функцира во советодавна улога – додаде тој.

Од Советот за реформи заминаа професорот Гордан Калајџиев и професорката Мирјана Најчевска. Тие јавно проговорија дека биле изиграни од власта и дека нивниот ангажман бил само декор и параван , наместо подготовка на суштински реформи во правосудството.

Сепак Бошњаковски на денешната прес конференција  потенцираше дека   реформите во правосудството се суштински во   евроинтегративната агенда  и  дека со новото работно тело тие ќе бидат издигнати на повисоко ниво, односно на ниво на Влада.

Тој не сакаше да открие дали новиот  Совет  ќе биде составен од експерти и кој се ќе членува во него.