Македонија
27. July 2015 - 16:43

Советот за радиодифузија е конституиран во 1997 година, оттогаш СДСМ даде 4 претседатели

Од 18-годишното постоење на Советот за радиодифузија, дури 17 години на чело на ова регулаторно тело за медиуми се членови предложени од СДСМ. На ваков начин социјалдемократите вршат контрола врз медиумите и слободата на изразување. За прв претседател на СРД, веднаш по основањето во 1997 година беше назначен професорот Љубомир Јакимовски, на предлог на СДСМ. Од 2003-та на чело на Советот за радиодифузија исто така застана и Ѓорѓи Варошлија. На ист начин во 2006-та година претседател на СРД стана и Мирче Адамчевски, додека на предлог на СДСМ од 2008 до 2012-та претседател на ова регулаторно тело за медиуми беше и Зоран Стефаноски. По две децении владеење на СДСМ со Агенцијата за медиуми, на оваа функција застана сегашниот претседател Зоран Трајчевски, кој беше избран во собраниска процедура на 7 октомври 2014 година.

Но влијанието на СДСМ врз Советот за радиодифузија не застанува тука. Тоа е толку очигледно што покрај претседатели, дел од Советот  се и нивни блиски партиски членови. Па така, член на регулаторото тело за медиуми беше и Јасна Саздовска која беше шефица на кабинетот на Ристо Пенов, братот на Јани Макрадули и сопруг на висока функционерка на СДСМ од Прилеп.

Тенденција за воспоставување конторла врз Агенцијата за медиуми има и денес. Преку договорот од Пржино, СДСМ под разни изговори се труди да добие свој претседател во Агенцијата, со што преку заплашување и притисоци врз медиумите, опозицијата сака си да обезбеди и контрола во процесот на избори следната година.   

Инаку во моментов, мнозинството членови во Агенцијата за медиуми доаѓаат од невладиниот сектор, кој со ретки исклучоци под силна контрола и влијание на СДСМ.

Во далечната 1997 година во македонската млада демократија созреа идејата за медиумската регулација. Оваа идеја не започна да се реализира со намера да врши репресија или контрола, туку напротив – да ја реализира мисијата и визијата на европската модерна медиумска регулација – да создава правила за фер-игра чија единствена цел е унапредување на слободата на изразувањето и на медиумскиот плурализам. Мисијата и визијата на Советот за радиодифузија беше натамошното демократизирање и професионализирање на медиумите и нивното претворање во алатка на демократијата.

Во 2012 година, СРД го прославува своето 15-годишно постоење. Основан на 5 септември 1997 година,СРД е најстарото регулаторно тело во Р. Македонија и едно од најстарите регулаторни тела за медиуми воопшто во Југоисточна Европа.

На 5-ти септември 2012 година, СРД одржа свечена седница, на која присуствуваа сегашните и поранешните членови на СРД, а се обратија и претседателите на СРД од минатите 15 години.

Зоран Трајчевски избран на 7 октомври 2014, до денес единствен претседател на Агенцијата предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

регулаторно тело во Република Македонија, а и едно од најстарите во регионот – Советот за радиодифузија, на чие чело застана професорот.