Свет
25. August 2016 - 10:02

Советот за безбедност на ОН зад затворени врати ќе расправа за последната севернокорејска провокација

Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на САД и Јапонија ќе оддржи седница зад затворени врати за да го разгледа најновото севернокорејско лансирање балистички ракети, наведуваат дипломатски извори од Ист ривер во Њујорк.

Северна Кореја, во вторникот, од својот источен брег теестираше лансирање балистички ракети од подморница, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Тестирањето беше извршено завчера во 5.30 часот утрината по локално време во близина на градот Синпо, соопшти Здружениот штаб на јужнокорејските вооружени сили.