Свет
3. April 2018 - 8:32

Советот за безбедност на ОН планира посети na Мјанмар, Бангладеш и Ирак

Советот за безбедност на ОН доби зелено светло овој месец да ги посети Мјанмар и Бангладеш каде што се очекува да се фокусира на малцинството Рохинџи, и Ирак.

Деталите и временските рокови за секоја посета се уште се утврдуваат, соопшти амбасадорот на Перу во Обединетите нации, Густаво Меса-Квадра, кој е и претседател на Советот овој месец.

Членовите на Советот се надеваат дека ќе ја посетат западната држава на Мјанмар Ракхајн, каде што живеја околу 700.000 Рохинџи пред да избегаат во Бангладеш, спасувајќи се од бруталната воена интервенција.

Ирак има потреба од меѓународна поддршка за „обнова на земјата и обезбедување на мир“, по значителниот напредок постигнат во борбата против тероризмот, вклучувајќи ја и Исламска држава, изјави Меса-Квадра.