Свет
9. September 2016 - 17:23

Советот за безбедност на ОН ќе разговара за нуклеарната проба на Пјонгјанг

Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи итни консултации поради петтата и најсилна проба на нуклеарно оружје, која ја изведе Северна Кореја, соопшти мисијата на Нов Зеланд. 

Состанокот на 15 членки на Советот за безбедност на ОН се одржува по барање на САД и Јапонија, наведуваат од мисијата на Нов Зеланд, земјата која овој месец преседава со Советот. 

Состанокот ќе почне во 15 часот по локално време. 

Северна Кореја, рано утринава го изведе петтото и најголемо тестирање на нуклеарно вооружување, што покажа дека постигнала минимализирање на боевата глава во размер кој може да се монтира на балистичките ракети.