Бизнис
31. October 2018 - 16:34

Советот одобри обесштетување по минатогодишните земјотреси во Охрид

После една и пол година   чекање деновиве охриѓани ќе добијат обештетување за минатогодишните земјотреси.

Од вкупно проценетата штета од општинската комисија во висина од  43 милиони денари, владата одлучи од државниот буџет за оваа намена да издвои 15% од бараните средства. Најсилниот земјотрес кој го погоди Охрид беше на 3 јули 2017 година, со јачина од 5,1 степен според Рихтер.

До комисијата беа поднесени 862 барања, од кои 60 од правни и 802 од физички лица. 

Советниците го усвоија и елаборатот за проценка на штети од поплавите предизвикани од невремето на 17-ти март годинава. Елаборатот деновиве ќе се испрати до владината комисија по што треба да се донесе одлука во колкав износ ќе се обесштетат граѓаните. Проценката на општинската комисија е дека станува збор за штета во висина од околу 19 милиони денари.

Инаку на седницата не помина предлогот да се издвојат 1 милион денари за лекување на 15-годишната Сара Настеска која боледува од апластична анемија.Градоначалникот Стојаноски потенцира дека општината нема да може да ги исплати средствата, бидејќи нема законска можност за исплата по тој основ.