Советот на ОН за човекови права ќе именува експерт за испитување на состојбата со човековите права во Русија
Советот на Обединети нации за човекови права денеска одлучи да именува независен експерт поради детално испитување на состојбата со човековите права во Русија.
Предлогот за именување на независен експерт е изгласан со 17 гласа „за“, шест „против“, а 24 се изјасниле како „воздржани“. Предлогот поднесен минатата недела од сите земји-членки на ЕУ, освен Унгарија, беше изразена загриженост за „масовното принудно затворање“ на независните медиуми, невладините организации и опозициските групи во Русија.
Специјалниот известувач што ќе биде именуван ќе ги следи кршењата на човековите права во Русија и ќе се потпира на помошта од руски групи и активисти. Советот претходно именуваше истражна комисија, највисока форма на надзор, за да ги испита кршењата на човековите права поврзани со руската војна во Украина.
Руските власти презедоа голем број чекори за да ги потиснат неистомислениците во земјата, вклучително и носењето закон со кој се криминализира „ширење лажни вести“ за руската војска, како и произволни апсења. Русија беше членка на Советот за човекови права на ОН до годинава, кога го суспендираше учеството додека Генералното собрание на ОН се подготвуваше да ја исклучи поради инвазијата врз Украина.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација