Македонија
25. December 2015 - 15:56

Советот на Општина Кичево го усвои буџетот за наредната година

Советот на општина Кичево  го усвои буџетот на општината за 2015-та година, кој изнесува 700 милиони денари. Со буџетот се усвоени и програмите за развои во свертата на културата, спортот, социјаната заштита, локалниот економски развои и животната средина.

На седницата пред советниците се обрати градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари кој откако им се заблагодари на советниците за конструктивната соработка во изминатиот период ги повика да го усвојат буџетот за 2015-та година бидејќи, како што рече, оваа година буџетот има развојна компонента, а е изготвен транспарентно.

– Преку пет сесии во рамки на програмата „Форуми во заедницата” организиран од Швајцарската фондација за развој и соработка пришто граѓаните предложија 34 проекти и сите нив ние успеавме да ги вметнеме во буџетот за наредната година, рече Дехари.