Македонија
21. October 2015 - 16:37

Советот на обвинители не потклекна на партиски притисок: „Работиме согласно Закон и Устав“

Советот на јавни обвинители и денеска не подлегна под политичкиот притисок. Обвинителите на Јанева на денешната седница не се најдоа на дневен ред. Ниту писмото на четирите политички партии ниту пак повиците од странските амбасади не ги одвратија обвинителите од намерата, одлуките во Советот да се носат независно и според законите, а не политичките препораки.

Аневски денеска уште една порача дека политичките договори воопшто не го интересираат Советот и дека Јанева, доколку сака да добие повеќе обвинители во својот тим, на Советот да му претстави добри причини

Обвинителката Јанева и денеска не се појави во Советот на јавни обвинители за да образложи зошто има потреба од повеќе обвинители.
Во меѓувреме пред Уставниот суд почна процедурата за оценување на уставноста на Законот за специјалниот обвинител, иницирана од адвокат од Свети Николе. Од судот велат дека веќе е одреден судија известител кој во наредниот период треба предметот да го стави пред судиите на одлучување.