Советот на обвинители ќе одлучува за кандидатите за јавен обвинител
Советот на јавните обвинители утре ќе одржи седница на која ќе ги разгледа поднесените пријави на огласот за Јавен обвинител на Република Македонија.
По седницата, како што се наведува во соопштението, Советот ќе даде мислење за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно законот.
Владата на РМ на 20 октомври ги достави апликациите на кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители.
На огласот за државен јавен обвинител пријавени се 23 кандидати.
Советот на јавни обвинители на барање на Владата во рок од 15 дена треба да и достави позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно законот.
Владата, пак, потоа до Парламентот доставува предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати, за кои Советот дал позитивно мислење.
Во случај Советот на јавни обвинители во рок од 15 дена ако не даде мислење за предложените кандидати, течат нови 15 дена. Доколку и тогаш не се изјасни, тогаш се смета дека мислењето на Советот е позитивно.
Доколку Советот за ниту еден од кандидатите не даде позитивно мислење, тогаш Владата може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.
Владата на седница ги разгледува кандидатите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот. По тоа одлуката оди во Собрание како предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас.
Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.
Новиот државен јавен обвинител треба да дојде на местото на Марко Зврлевски кој беше разрешен од Собранието на 17 август годинава. До назначувањето нов јавен обвините, времено функцијата ја извршува Лилјана Спасовска.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка