Македонија
28. September 2017 - 11:06

Советот на јавни обвинители ќе го разгледува четвртиот извештај на СЈО

Советот на јавни обвинители на денешната седница треба да го разгледа четвртиот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. На седницата поканета е обвинителката Катица Јанева. 

СЈО на 15 септември го достави извештајот до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавните обвинители на Република Македонија, согласно законот.

Извештајот претставува преглед на работата на СЈО во изминатиот шестмесечен период, од 15 март до 15 септември 2017 година.