Македонија
9. March 2017 - 16:32

Советот на јавни обвинители: Јанева и Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс СЈО да испрати други обвинители

Обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс на судењето за наводно насилство пред општина Центар, одлучи Советот на јавни обвинители. Членовите на Советот ги прегледале снимките од рочиштето каде двете обвинителки за своето однесување добија казни во вредност од 4.000 евра. Од нив заклучиле дека судијата донел исправна одлука. Го советуваат СЈО во иднина да испрати друг обвиниетл кој ќе го застапува предметот.

Аневски потенцираше дека обвинителките на рочиштето користеле погрдни зборови кон судијата, нешто што десега не се случувало во судница. За претходни прекршувања на етичкиот кодекс обвинители биле отстранувани од предметите кои ги воделе.

Следното рочиште за овој случаљј е закажано за утре.