Македонија
6. December 2017 - 16:36

Советот на јавни обвинители избра 4-ца нови обвинители - 9-мина кандидати за организиран криминал не беа избрани

Поранешниот уставен судија Исмал Дарлишта е нов обвинител во Јавното обвинителство на Македонија. Советот на јавните обвинители денеска го избра на огласот за испразнето место во републичкото обвинителство од јуни. Дарлишта во јавноста стана познат по издвоените мислења во Уставен колешките Наташа Габер и Гзиме Старова.

Освен Дарлишта, Советот денеска за јавен обвинител на вишото обвинителство во Битола ја избра Мери Тромбева, а на радовиш Билјана Стефчева, на Тетово Ханефи Амети.

Иако на огласот беа отворени и позиции за раковдните позиции на основните обвинителства во Скопје, Битола, Гостивар, Куманово и за обивнителството за орагнизиран криминал Советот постави само вршители на должност. Членовите се согласиле да му дадат можност на новиот државен Јавен обвинител сам да даде предлози за обивнителствата со кои ќе раководи.

„Тоа не значи дека безрезервно ќе ги подржиме неговите предлози, ќе им огласи, но добро е да се чуе неговото мислење, тој ќе ја носи одговорноста“

Не беа избрани ни 9 обвинители на испразентите места во Обвинителството за организиран криминал и корупција. За нив како и за раководителите во обвинителствата ќе биде распишен нов оглас до крајот на годината. Советот одлучил при изборот на нови обвинители да ги земе пред вид и  одлуките на Управен суд дека обвинителите кои исполнуваат услови за пензија можат да го продлжат својот работен век.