Македонија
31. August 2017 - 17:04

Советот на јавни обвинители доби нов претседател

Коле Штерјов е нов претседател на Советот на јавни обвинители. Тој на функцијата доаѓа откако во вторникот Петар Аневски си поднесе оставка.

Обвинителот Коле Штерјов е новиот претседател на Советот на Јавни обвинители. Тој седнува во фотељата на Петар Анески по неговата неочекувана оставка.

За две годишниот мандат бил избран едноглчасно од деветтемина челнови на Советот. Немал противкандидат.

Штерјов на позицијата претседател доаѓа по една година откако стана член на Советот а по препорака на вишото јавно обвинителство во Скопје. Тој очекува дека заедно со членовите, ќе придонесат за ефикасност во работењето на Советот.

- Ќе се обидам да ги искористам моите и капацитетите на членовите на советот и се надевам дека ќе успееме да ја смениме сликата во јавноста за Советот. Но тоа ќе го кажеме откако ќе го направиме, вели Коле Штерјов, Претседател на Совет на јавни обвинители.

Пред изборот на нов, Советот ја прифати оставката на поранешниот претседател Аневски  кој ја поднесе на седницата во вторникот.. Тој изјави дека тоа го сторил од лични и семејни причини но и понатаму ќе остане во советот како член предложен од битолското обвинителство.

- Две години трае мандатот на Претседателот на Советот на јавни обвинители.. Штерјов на оваа позиција доаѓа откако на претходната седница Петар Аневски си поднесе оставка од функцијата претседател на една година пред истекот на неговиот мандат.

Советот на јавни обвинители има 11 членови но во моментов составот брои деветмина. Еден се пензионираше а друг беше именуван за директор на МЕПСО.