Советот на Европа повика за мерки против насилството врз затвореници во Бугарија
Комитетот за спречување на измачувања и нечовечко однесување и казна при Советот на Европа објави извештај за Бугарија. Во документот се повикуваат бугарските власти да преземат мерки „на највисоко политичко ниво“, за да нема толеранција кон насилството врз лица во притвори и затвори во земјата, јави БТА.
Бугарските власти се повикуваат да направат се што е неопходно настраданите од насилството во полицијата или затворите да бидат прегледани од лекар, и податоците за нивните повреди да бидат запишувани, како и да биде истражен секој случај на насилство.
Се наведува дека извештајот се заснова на утврдените податоци и околности од посетата на делегација на Комитетот од почетокот на оваа година на Бугарија.
Се додава дека од 1995 година досега претставници на Комитетот ја посетиле Бугарија девет пати, и давале препораки кои досега останувале неисполнети.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите