Македонија
6. February 2017 - 16:31

Советникот од ВМРО-НП во Струмица се премисли, Курир пишува за притисоци и закани врз неговото семејство

Советникот од ВМРО НАРОДНА во Општина Струмица Методи Вотанов кој вчера одлучи да премине во ВМРО ДПМНЕ за неполни 24 часа ја промени својата одлука. Витанов денеска реши да биде независен пратеник кој ќе ја  поддржува советничката група на СДСМ.

Витанов денеска од нејасни причини, изјави дека грубо бил изманипулиран од централното раководство на ВМРО-НП која до вчера коалицираше со СДСМ во Советот на Струмица.

Инаку, советникот вчера  го стави и  својот потпис на иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за смена на советничкото мнозинство. Тој присуствуваше и на пресконференција на советничката група на ВМРО ДПМНЕ:

Интернет порталот Курир, денеска ја отвори дилемата поради какви причини за само неколку часа советникот Витанов ја промени својата одлука. Курир пишува за уцени и притисоци врз советникот, како и за закани врз неговото семејство.

Порталот не ја отфрла и опцијата дека зад одлуката за пормена на ставот стои и поткуп од страна на СДСМ.