Бизнис
22. May 2019 - 16:16

Советникот кој го прати Меркел бара почитување на законите, плаќање на даноците, борба со корупцијата и сивата економија

Законите не се почитуваат , даноците не се плаќаат,  а коруцијата и високиот процен на сивата економија го кочат развојот. Ова се забелешките од Валтер Дефа советникот на Меркел кој веќе  три месеци е во македонската влада.  Вели дека политичката клима е смирена но порачува државата  да почне со спроведување на економските реформи. Фокусот да биде во намалување на јавниот долг и поголема реализација на инфрастуктурните  проекти бидејќи тие се клучот за поголем економски раст.

За раст е потребно да има повеќе услуги, производство, прихгодининвестиции модерни фабрики но не и задолќување, зошто долгот е ризик за се особено за идните генерации, рече Валтер Дефа советник на Меркел во влада.

Министерот Тевдовски пак се пофали дека земјава е лидер во спроведувањето на економските реформи , но дека треба уште многу да се работи. Рече дека е неопхонда подршката  од ЕУ која треба да помогне преку заеднички дијалот со земјите од регионот да се надминат предизвиците.

Јас сум маратонец го сакам трчањето. Минатата сабота трчав заедно со маратонецот Краси Ѓорѓиев за да го подржам во ултра маратонот насловен како Поврзаност кој се трчаше по коридор осум. Идејата на маратонот беше да се испрати порака за поблиска соработка на економиите и граѓаните на Албанија Северна Македонија и Бугарија. Ова е во насока на политиките на ЕУ за поврзување на економиите, рече  Драган Тевдовски- министер за финансии

Коурпцијата , сивата економија,  се проблеми на кои долги години алармираат од унијата и се дел од забелешките во извештаите на меѓународните инситуции,  но и покрај  тоа  кај овие ставки нема напредок.