Свет
16. April 2017 - 11:42

Советник од Белата куќа: Северна Кореја се обидела да испука ракета со среден дострел

Северна Кореја се обидела денеска да испука ракета од среден дострел и таа експлодирала четири до пет секунди пред да биде лансирана, изјави неименуван советник за надворешна политика во Белата куќа.

Според него, САД имале добри разузнавачки информации пред и по лансирањето. Не се очекува САД да реагираат бидејќи се работи за неуспех на Сверна Кореја, доал советникот.

– Ако беше во прашање нуклеарна проба ќе беа преземени други мерки, нагласил тој.